35 години независна Македонија.
35 години УНИПРЕС.
Две приказни што растеа и се градеа низ истите години — со предизвици, промени, но пред сè со работа, посветеност и верба во она што го создаваме.
Веќе 35 години, УНИПРЕС со гордост ги создава знамињата што ги носат боите и симболите на Македонија. ![]()
35 години труд, истрајност, квалитет и безброј знамиња поставени на институции, компании, домови и настани.
Но, зад секое знаме стојат луѓе.
Затоа, денес сакаме да упатиме голема благодарност до сите наши клиенти, партнери и соработници кои низ годините ни ја даваа својата доверба, ги користеа нашите услуги и ни овозможија заедно да ја градиме оваа приказна.
А особено и од срце — благодарност до сите наши вработени кои низ овие 35 години биле дел од УНИПРЕС. ![]()
До сите оние кои низ годините го вложувале својот труд, знаење, време и енергија, кои растеле заедно со компанијата и оставиле свој печат во нејзината историја.
Секој од вас е дел од приказната наречена УНИПРЕС.
Без вас, овие 35 години не би биле исти.
И оваа годишнина ја одбележуваме со нешто навистина посебно. ![]()
Голема благодарност до Sparkasse Bank AD Skopje за довербата и можноста да го изработиме македонското знаме кое го поставивме на зградата.

