🇲🇰 35 години УНИПРЕС. 35 години независна Македонија.

🇲🇰 35 години независна Македонија.

35 години УНИПРЕС.

Две приказни што растеа и се градеа низ истите години — со предизвици, промени, но пред сè со работа, посветеност и верба во она што го создаваме.

Веќе 35 години, УНИПРЕС со гордост ги создава знамињата што ги носат боите и симболите на Македонија. 🇲🇰

35 години труд, истрајност, квалитет и безброј знамиња поставени на институции, компании, домови и настани.

Но, зад секое знаме стојат луѓе.

Затоа, денес сакаме да упатиме голема благодарност до сите наши клиенти, партнери и соработници кои низ годините ни ја даваа својата доверба, ги користеа нашите услуги и ни овозможија заедно да ја градиме оваа приказна.

А особено и од срце — благодарност до сите наши вработени кои низ овие 35 години биле дел од УНИПРЕС. ❤️

До сите оние кои низ годините го вложувале својот труд, знаење, време и енергија, кои растеле заедно со компанијата и оставиле свој печат во нејзината историја.

Секој од вас е дел од приказната наречена УНИПРЕС.

Без вас, овие 35 години не би биле исти.

И оваа годишнина ја одбележуваме со нешто навистина посебно. 🇲🇰

Голема благодарност до Sparkasse Bank AD Skopje за довербата и можноста да го изработиме македонското знаме кое го поставивме на зградата.